6.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Лазарески падна на допинг-тест, Виктор Петков ќе учествува на ЗОИ 2026

Во интерес на објективното и вистинито информирање на граѓаните и спортската јавност, а со цел да се испочитува во целост законската процедура, Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја пренесува официјалната информација доставена од страна на Националната антидопинг организација (НАДО МКД) во врска со промената во олимпискиот состав за претстојните Зимски олимписки игри.

„Врз основа на официјалниот извештај (Test Report) пристигнат од акредитираната лабораторија во Сеиберсдорф, Австрија, во еден од двата примерока утврдено е присуство на забранети средства кај спортистот во алпско скијање. Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на ВАДА, до конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати (long list). Согласно овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација“, се вели во соопштението на МОК.

Мирко Лазарески е натпреварувачот којшто добил позитивен тест и нема да може да настапи на претстојните Зимски олимписки игри во Милано. Македонија на Зимските Олимписки игри ќе ја претставуваат уште Ставре Јада, Ана Цветановска и Јана Атанасовска.

- Оглас -

Најнови вести