Кршењето лепче со паричка на Бадник е нешто што и ракометната машка репрезентација на Македонија сака да го прави како традиција, така беше и оваа година додека тимот се подготвува за настап на Светското првенство.
Капитенот Филип Кузмановски ги подели лепчињата, а среќник паричката да се падне кај него беше Милан Лазаревски.
Лани паричката беше кај Никола Костески, а сега најсреќен беше пикерот. Соиграчите и од РФМ, на Лазаревски му посакаа среќна и бериќетна година.