Данската телевизија ТВ 2 објави изјава од Милан Лазаревски во врска со случувањата синоќа во Арена Вараждин. Данците се обидоа да го испровоцираат македонскиот пикерот, но тој не наседна на провокациите.
„Можеби е малку поразлично во Скандинавија, но тука не е толку необично она што се случи, како што мислите вие. Не е најдобрата работа што требаше да се направи, но не е толку необично како што мислат луѓето“, порача Лазаревски.
Потоа дојде прашањето до популарниот Мечка дали е подобро да имаш или да немаш вакви навивачи?
„Се разбира дека е подобро да ги имаш. Во секое време. Ги сакам моите македонски фанови и секогаш ќе ги поддржувам. Ако треба да разговараме со нив, тоа ќе биде зад затворени врати. Никогаш нема да ги критикувам јавно“, одговори Лазаревски.
Данците повеќе се загрижени од самите Холанѓаните за тоа што се случи синоќа, иако токму нивните сонародници кои судеа се најголеми виновници за вжетената атмосфера.