Македонија и 15-та година по ред ќе биде дел од големо ракометно натпреварување, откако ја совладавме Литванија со 26-17 во Скопје и како второпласирани во групата одиме на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.
„Без разлика на крајниот резултат, ни на крај на памет мене не ми доаѓа да се дозирам кога станува збор за националниот тим. Со ваква поддршка, кога цел народ ти дава ветер во грб, едноставно не смеам да си дозволам луксуз да ја темпирам својата сила. Овие гледачи во салата, како и сите кои ни даваа поддршка пред малите екрани не заслужуваат ништо помалку од тоа и последниот атом од енергијата да го дадеме за нив. Одиме чекор по чекор. Не сум голем љубител на прогнози, но мислам дека нашата игра ветува, иако ни недостасуваа доста важни играчи во овој квалификациски циклус. Формата на оваа репрезентација допрва ќе се крева и секако нема да ги разочараме навивачите и целата нација. Ѝ благодарам на цела Македонија за поддршката која ни ја дава.“ – вели кружниот напаѓач на Македонија, Милан Лазаревски.