Кирил Лазаров и Нант забележаа вредна победа од 32:28 во првиот четвртфинален мечво Лигата на шампионите против фаворизираниот унгарски првак Веспрем.
Капитенот и селектор на македонската репрезентација постигна четири гола и имаше и неколку прекрасни асистенции до соиграчите.
Нант имаше и 7 гола предност, 31:24 во самиот финиш, но гостите од Унгарија успеаја да ја намалат негативата за неизвесен реванш, што ќе одлучува која екипа ќе игра во Келн на Ф4 во битка за европската круна.
https://twitter.com/ehfcl/status/1392924298168438784?s=20
Реваншот ќе се игра во Унгарија на 20. мај, а подобриот тим ќе патува во Келн на фајналфор турнирот на четирите најдобри екипи во Европа.
https://twitter.com/ehfcl/status/1392929762226606087?s=20
Во останатите први четвртфинални дуели Алборг го победи Фленсбург со 26:21, Барселона на гости беше подобра од Мешков Брест и славеше со 33:29, а во големото дерби Кил дома го победи ПСЖ со 31:29.