Лазаров: Австрија е сериозна репрезентација, а и главен град им е Виена

На прес-конференцијата после дуелот со Гвинеја, македонскиот селектор се осврна и на следниот меч задутре, најверојатно против Австрија. Теоретски, може да играме со Катар, но тоа не е реално.

„Мора да бидеме задоволни како го одигравме првиот круг, мора да се фокусираме на следниот меч. Преземавме малку ризик вечерва, успеавме да одмориме некои играчи, Марко Митев и да сакаше не можеше да игра, има повреда, но познавајќи го, ќе даде максимум на следната средба. Ќе биде возбудливо, ќе се бориме до крај. Австрија е сериозна репрезентација, сепак е Австрија, главен град им е Виена. Треба да бидеме перфектни за да очекуваме нешто повеќе. Ќе треба да поработиме на реализацијата, момците се свесни за тоа и верувам ќе бидеме подобри во реализаторскиот дел. Мислам дека добро ги менаџираме работите, ги зачувавме силите, а победивме со скоро 10 гола разлика“, рече Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести