Лазаров: Дојдовме до дното, но со добра стратегија може да одиме само напред

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, за сајтот на хрватскиот ракометен сојуз даде интервју во кое зборуваше за неговата кариера, и за ситуацијата со нашата репрезентација на овој Мундијал.

„Македонија сака ракомет. Со години имаме квалитетна репрезентација, постојано сме учесници на големите натпреварувања, имаме континуитет. Целиме кон тоа да го задржиме и да го подобриме во следните години. Тоа не е лесно. Знам дека цела Македонија тагува поради нашите убедливи порази, но верувајте и на мене не ми е лесно. Ако некој ве сака, ви дава внимание тоа треба да го испочитувате. Мораме да се бориме до крај, однапред да не се предаваме. Севкупно гледано, можеби ова СП можеби ќе ни е добредојдено, бидејќи на некој начин го допревме дното, па сега треба да се обидеме со добра стратегија да напредуваме“ – рече Лазаров.

Човекот кој на мундијалите дебитираше во 1999 година, среќен е што Македонија добила повик да игра во Египет.

„Со федерацијата се договоривме да дојдам и да помогнам на младите ракометари. Морам да признаам дека е напорно, но го работам ова со срце. Се чувствувам гордо, повеќе од 20 години на големата ракометна сцена. Ова е седмо светско првенство за мене и Македонија. Навистина ќе ни биде многу тешко по овој дебакл, бидејки овде не се покажавме достоинствено“ – вели Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести