Лазаров: Финалето на Алкалоид е голем успех за целиот македонски ракомет, очекуваме поддршка

Кирил Лазаров по пласманот на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот куп, истакна дека е горд на својот тим и побара поддршка од сите македонски љубители на ракометот за финалето со АЕК.

„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски, може да покрие многу недостатоци и да направи успех. Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимавме на сѐ за на важните натпревари да бидеме на потребното ниво. Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“, изјави Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести