19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Лазаров го скрати списокот за мечевите кои треба да ја однесат Македонија на ЕП 2024!

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави скратениот список од 21 повикан ракометар за претстојните натпревари против Луксембург и Турција од квалификациите за ЕП 2024.

Во рамки на ЕХФ Неделата, сениорите прво играат на 26 април во Луксембург, а на 30 во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје со почеток во 18 часот ќе ја пречекаме Турција.

Од 21 ракометар на коишто смета Лазаров, осуммина се од Алкалоид, шестмина од Еурофарм Пелистер, петмина од Вардар 1961, а само двајца играат во странство.

Првиот собир е в недела од 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести