Лазаров: Горд сум, но и разочаран, знам дека утре наутро ќе ми биде многу лошо

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, имаше измешани чувства по поразот од Словенија. Тој вели дека е горд на момците, но разочаран е од резултатот.

„Горд сум на нашите момци. Од друга страна, разочаран сум што загубивме, заслуживме барем бод. Мислам дека ги заморивме Словенците, но имаат искуство. На вистински пат сме, Македонија е најважна, треба редовно да играме на големи натпреварувања, да играме со срце, но и со глава. Сега ни останува да чекаме нечија грешка за пласман во следната фаза. Мислам дека утре ќе бидам поразочаран од тоа што сум сега“, изјави Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести