Ракометарите на Алкалоид ја играат сезоната од соништата во Европа и веќе имаат шест од шест и пласман во четвртфиналето на Европскиот куп. Сепак, во редовите на актуелниот куп освојувач на Македонија нема место за еуфорија, а Кирил Лазаров е скромен и вели дека потребно е уште работа.
„Мислам дека заслужено ја поминавме оваа осминафинална пречка. Игравме со една брза и полетна екипа. Можеби противникот немаше ротација, но тие осум-девет играчи играа квалитетно, тоа се виде во првото полувреме. На Бриксен му недостасуваа два до три ракометари за да издржи да се носи. Ние го скршивме отпорот во 35-тата минута, тогаш се сврти резултатот кон нас. Во првото полувреме во неколку ситуации реагиравме пребрзо, правевме грешки и тоа мора да го поправиме во иднина.“ – вели тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.
Слично размислува и пикерот на Алкалоид, Марко Стојковиќ.
„Одигравме одличен меч. Почнавме добро, беше тесно до 35-тата минута. Игравме брзо, во вториот дел го свртевме резултатот во наша корист. Имаме уште многу да поправаме за да го кренеме нивото.“ – вели Стојковиќ.