1.8 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Лазаров: Имаме многу проблеми, а не погодивме и пет пенали

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Хрватска (26:23) ги започна подготовките пред стартот на Европското првенство кое ќе започне за две недели. На дуелот во Пореч, Македонија беше во својот најсилен состав, додека кај Хрватите недостасуваше комплетната прва постава, но Коцкестите и со „втор тим“ беа подобри.

По мечот, селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, истакна дека големиот број технички грешки и утнати пенали се главниот виновник за поразот.

„Не погодивме пет пенали, три на почетокот, така што не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови силни страни. Ни недостигаше, на пример, Лазаревски, но добро… Продолжуваме тука до 30 декември, потоа одиме во Швајцарија на турнир, а потоа на Европско првенство. Нема да биде лесно, нашите очекувања се секогаш високи, ако победевме и денеска, ќе беа уште поголеми, но ќе се бориме“, изјави Лазаров од Пореч за „Спортске новости“.

- Оглас -

Најнови вести