4.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Лазаров избра 21 ракометар плус седум резерви за настап на ЕП 2026

Селекторот на машката ракометна сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари на кои смета за претстојното Европско првенство во Данска.

На списокот од 21 играч доминираат играчи од Алкалоид и Еурофарм Пелистер, нема ниеден вардарец (Лазаревски кој досега беше стандарден, во моментов е повреден), Јагуриновски е претставник на ГРК Охрид, а само голманот Томовски игра во странство, сите други се од домашни суперлигаши.

Лазаров има и седум резерви кои може дополнително да бидат повикани ако има потреба.

Подготовките почнуваат в понеделник. Потоа тимот заминува за Пореч, каде што на 28 декември е првиот пријателски натпревар против домашната Хрватска. По Нова година, Македонија ќе биде дел од „Жолт купот“, каде што ќе тестираме против Швајцарија, Бахреин и Украина.

На ЕП, ривали во групата ни се Данска, Романија и Португалија.

- Оглас -

Најнови вести