Ракометната репрезентација на Хрватска после фантастичната победа над Шпанија на стартот од Европското првенство во Германија, имаше лоши резултати и сега има само теоретски шанси за пласман во полуфиналето. Настапот на „коцкестите“, а посебно натпреварите против Франција и Унгарија, за хрватските медиуми ги анализираше нашиот селектор, Кирил Лазаров.
– „Мислам дека Хрватска премногу се потроши против Франција. Не е лесно да се по турнирски систем, посебно на европските првенство. Зошто ја апострофирам Франција? За вас хрватите тој натпревар е нешто посебно, сите знаеме и зошто и колку долго трае тоа ривалство. Веројатно само ако некој предложеше од стручниот штаб на тој натпревар да се одигра паметно и мудро, ќе беше веднаш прогласен за држабен непријател. Хрватска требаше да се фокусира на Унгарија.“ – вели Лазаров.
Сепак, нашата ракометна икона и најдобар играч во историјата во Македонија во спорт, смета дека Хрватска има ракометна иднина.
– „Видов многу позитивни работи во играта на Хрватска. Мислам дека костурот на екипата е направен за следното Светско првенство на кое сте еден од домаќините. Хрватска не треба да се грижи за ракометната иднина. Против Шпанија тоа изгледаше одлично, не гледам зошто така не би било и во иднина. Имате врвни голмани. Ми се допаѓаат Кларица, Мартиновиќ и Начиновиќ. Срна веќе покажа дека е врвен играч, а малиот Лучин е дрзок и храбар. Навистина мислам дека имате одлична основа за годините кои доаѓаат.“ дополнува Лазаров.