11.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Лазаров: Јапонија играше на Олимписки игри, контролите добро ќе ни дојдат

Македонската машка ракометна репрезентација после пауза од околу шест месеци, повторно се собра за да одигра натпревар, овојпат два и тоа пријателски со Јапонија, првиот в четврток, затворен, вториот в сабота во Куманово со присуство на публика.

Како и секогаш, расположението беше убаво, репрезентативците со нетрпение чекаат да заиграат заедно. На дуелите со Јапонија ќе го нема голманот Никола Митревски кој се појави на собирот, но има повреда, а на негово место е повикан Марко Кизиќ.

Селекторот Кирил Лазаров рече дека ја следи формата на сите играчи и задоволен е од она што го прикажуваат, а Јапонија ќе ни биде ривал по мерка како подготовка за она што следува во јануари, ЕП во Данска.

„Јапонците имаат искусен селектор Шпанецот Жирона, ги водеше на Олимписки игри, ми се допаѓа нивниот стил на игра, брз, динамичен ракомет. Тие се противник по мерка. Ќе имаме цели на што треба да внимаваме, добредојдени ќе ни бидат контролите, особено тркачки да видиме до каде сме. Нема ништо специјално да пробуваме, но ќе дадам шанса на помлади играчи да се испробат. Мислам дека сме на квалитетно ниво, задоволен сум од формата на репрезентативците“, рече Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести