Нецели 12 часа по победата на македонската ракометна репрезентација против Романија во Скопје, нашата експедиција се пресели во Романија. Макеоднија има осум гола позитива по победата од 30:22 во салата „Борис Трајковски“.
Селекторот Кирил Лазаров знае дека залихата од осум гола е добра, но не и гаранција дека ќе ја елиминираме Романија, која пред своите навивачи ќе се обиде да направи чудо.
„Им потенцирав на ракометарите дека мора да ги издржиме првите 15-20 минути затоа што Романците сигурно ќе тргнат на јуриш. Ментално треба да сме силни за да го издржиме тој напад. Сигурен сум дека физички ќе го издржиме, а имаме и добра стратегија. Затоа потенцираме дека ментално треба да издржиме и потоа би требало да можеме да го исконтролираме целиот меч“, вели Лазаров од Букурешт.