Македонија и Естонија играат нерешено 20:20 на дуелот во „Борис Трајковски“. Нашата репрезентација важеше за голем фаворит пред мечот, но по првите 30 минути не оди според планираното.
Добро започнавме, водевме со 4:1, потоа и со највисоки четири разлика (12:8), но наместо да имаме сигурна предност на полувремето, противникот заигра многу подобро, посебно во нападот.
Пред крајот на првиот дел, селекторот Кирил Лазаров побара тајмаут на кој на ракометарите им потенцираше дека никако не смееле да дозволат да примат толку многу голови во првото полувреме и тоа на свој терен.