Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, жали што Македонија пропушти шанса да ја победи Унгарија. Нашата селекција водеше со 27:26, имавме и напад, но направивме техничка грешка поради која Унгарците од контранапад постигнаа гол за реми.
„Треба да бидеме задоволни, но факт е дека пропуштивме победа. Неискуството на нашите играчи се покажа, во последниот напад не знаеја да влезат во фаул, само си подаваа. На тајмаутот им реков да влезат во фаул, за жал, наместо тоа, направивме техничка грешка и на крајот примивме гол. Сепак, горд сум на момците, горд сум на сите овие навивачи кои дојдоа тука да ни дадат поддршка. Сега треба да останеме мирни, сконцентрирани и да се бориме. Ако имаме ваква енергија, сплотеност, резултатот сам ќе дојде. Холандија е многу побрза селекција од Унгарија и очекувам уште потежак меч“, рече Лазаров веднаш по средбата со Унгарија.