Лазаров: На секој меч најдобар поединец кај противниците е голманот

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, смета дека поразот од Црна Гора бил претрпен на „македонски“ начин.

„Како и да реагирав, не можеше ништо да се смени. Не смее да си дозволиме вакви работи, имаме играчи кои настапуваат во големи клубови. Дојде до психолошки крах. Евидентно е дека треба да учиме уште многу. Црногорците подобро се прилагодија од нас. Игравме брзоплето, да не кажам македонски. Откако сум слектор, на секој меч најдобар поединец кај противниците е нивниот голман, мора да работиме на тој момент“ – анализираше Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести