16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Лазаров најавува навивачите да се подготват за уште еден драматичен меч

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, очекува утрешниот меч против Катар да биде неизвесен и нијанси да решаваат на крајот. Македонија има две нерешени, една победа и еден пораз на досегашните четири меча кои ги одигра на Мундијалот во Вараждин. Лазаров потсетува дека и Катар игра одлично, што се покажа и на последниот меч против Холандија, кога несреќно загубија со гол примен буквално во последната секунда од средбата.

„Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Нѐ очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат”, рече Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести