Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од победата над Гвинеја и најавува голема борба за следните три меча во главната групна фаза, каде за противници ќе ги имаме Австрија, Франција и Катар.
Првиот меч ќе го играме против Австрија в вторник, а Лазаров вели дека тоа што нашата селекција е неискусна, наш главен адут ќе бидат навивачите кои треба да дадат голема поддршка.
„Мислам дека треба да сме задоволни затоа што победивме. Мислам дека можевме и многу подобро. Се виде тоа неискуство кај помладите кои го играа своето прво или второ големо натпреварување. Промашивме дури 20 шута од кои беа од изградени позиции, чисти зивери. Ова не смее да ни се случи кога ќе играме против поквалитетни противници, затоа што тогаш сигурно нема да победиме. Доброто е тоа што поискусните играчи успеаа да ги заштедат силите. Како Митревски, Пешевски, па и Марко Митев. Треба да бидеме среќни и задоволни. Следуваат уште предизвици, прва е Австрија во вторник. Ритамот на Светско првенство е жесток. Тука се нашите навивачи, ги очекуваме и во вторник да бидам наш осми играч и тоа се два гола повеќе за разлика од Австрија“, рече Лазаров.