Лазаров: Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење, мора да го добиеме

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, во пресрет на утрешниот дуел (почеток во 18 часот) со Гвинеја во Вараждин, вели дека мора да се добие овој меч кој ни е клучен во битката за влез во втората фаза на Светското првенство.

„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме два тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар“, изјави Лазаров.

Инаку, според квотите во Sport Life, Македонија е апсолутен фаворит на дуелот, хендикеп границата е поставена на 16.5 голови разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести