Ракометната репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското ракометно првенство и веќе е елиминирана од натпреварувањето. Домаќинот Германија не победи со 33-25, а селекторот Кирил Лазаров, не е задоволен од прикажаното, но вели дека тоа е реалноста во моментов.
– „Не можам да бидам задоволен од она што го прикажавме. Имавме добри моменти, слично како и на дуелот против Франција, но исто така и слаби моменти. Според слободна проценка, повторно имавме над 15 технички грешки, немавме ни простор ни време за да поставите одбрана. Лоши сме во одбрана, можам да се согласам, но продадени топки, дадени во рака, тоа е веднаш казна од ваков тип на репрезентација. Германците се цврсти, силни, домаќини се, и тоа го знаевме. се обидовме да дадеме отпор и мислам дека лошо го започнавме натпреварот и потоа цело време се обидувавме да се вратиме во игра, но колку повеќе се трошевме, тие знаеја да ги искористат нашите технички грешки и не казнуваа и со неколку мини серии да го решат победникот. Во овој момент германија е класа подобра од нас, видовме како трчаат, како даваат голови, но и ние имавме светли моменти. треба да се работи, но во овој момент нереално е да се очекува дека ќе ги победиме Франција и Германија.“ – рече селекторот Кирил Лазаров после натпреварот.