Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, објави широк список од 35-мина ракометари на кои смета за бараж-дуелите со Романија за пласман на Светското првенство 2023.
На списокот е и самиот селектор, како и Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов и сите други на коишто Лазаров сметаше и досега.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Скопје, со почеток од 19 часот, реваншот е два дена подоцна во Букурешт. Ако ја минеме Романија, последен противник за пласман на СП ќе ни биде Чешка, на 11 и 17 април.