Ни Тунис ни Македонија не заслужуваат да бидат во Президент купот, но тоа е спортот, рече македонскиот селектор Кирил Лазаров после вчерашниот пораз на Светското првенство во ракомет, па сега главна цел е младите да соберат што е поголемо искуство од играње натпревари на големо натпреварување.
„Тунис има квалитетни играчи, тие се селекција која како и ние, не заслужува да игра Президент куп, но тоа е ракометот. И пред почетокот на Президент купот кажав дека ова ќе биде можност за помладите ракометари, дека шанса ќе дадеме на помладите за да стекнат што е можно поголемо искуство и самодоверба за во иднина. Тоа ќе биде нашата мисија тука. Смената на генерации бара многу работа, не е исто со и без искусни ракометари, но веруваме во оваа младата генерација која во иднина треба да го покаже својот вистински квалитет“ – изјави Лазаров.
Инаку, според квотите во обложувалницата Sport Life, Македонија е фаворит на утрешниот меч против Мароко. Со победа, би разигрувале за 27-мо место на конечната табела на СП 2023.