Селекторот и играч на македонскиот ракометен национален тим, Кирил Лазаров, по ремито во Чешка, изјави дека ако некој му понудел реми пред натпреварот, ќе го прифател со двете раце.
„Им честитав на моите момци за борбата. Игравме како по ноти до водството од 17-10, но ни се случи пад и тоа треба да нè држи будни. Можеби ги изненадивме Чесите, тие ќе се спремат добро за реваншот, нема да биде лесно. Да ми понудеше некој пред мечот нерешен резултат, со двете раце ќе прифатев. Жал ми е што не победивме барем минимално, бидејќи заслуживме победа. Не знаевме да го приведеме мечот кон крај, утнавме зицери, потрошивме доста сила, треба да одмориме“, изјави Лазаров.