Фленсбург се спаси од пораз против Нант со гол од пенал во последната секунда, во меч што заврши со резултат 29:29.
Кирил Лазаров постигна 4 голови од 9 обиди за гостите, кои беа на прагот на победа во премиерниот меч од последното 14-то коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Нант имаше предност од два гола, 27:25 на пет минути до крајот, а во финишот Њокас им донесе нова предност од 29:28, но со голот од пенал во последната секунда домаќините освоија бод и го задржаа третото место во групата Б.
Нант остана четвртопласиран и ќе го чека противникот во следната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите.