Лазаров останува селектор на Македонија, можеби ќе почне и клупска кариера како тренер

Само уште двапати ќе го видиме во дрес како игра, но Кирил Лазаров по објавата дека ја завршува играчката кариера, и во иднина ќе биде присутен на ракометните терени, покрај аутлинијата како тренер и селектор.

На денешната проштална прес-конференција во Нант, македонската ракометна икона најави дека почнува ново поглавје во неговиот живот и кариерата.

„Мојата приказна дојде до крајот. Ова беше тешка, но очекувана одлука. Нант ја има најдобрата публика во Европа. Овој клуб го извлече најдоброто од мене. Играв во големи клубови како Барса и Сиудад Реал, но одлуката да дојдам во Нант се покажа како одлична, не погрешив. Ќе останам уште во ракометот, ако ви треба џокер за некои пет до десет минути, тука сум. Се шегувам, останувам селектор, а во иднина може ќе работам и во клуб“, рече Лазаров.

Пред македонската легенда се уште два меча, во француската лига против Тулуз на домашен терен и против ПСЖ во Париз, во финалето на Купот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести