Лазаров отпиша 14-мина ракометари за дуелите со Луксембург и Турција

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за натпреварите Луксембург и Турција на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

На скратениот список нема изненадувања, а дел од ракомерите на кои Лазаров ќе смета е Дејан Манасков, кој се врати по долгата пауза поради тешката повреда и сезонава игра одлично во дресот на Вардар.

Македонија на 12 октомври во Скопје ќе игра против Луксембург, а четири дена подоцна ѝ гостува на Турција.


- Оглас -

Најнови вести