
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на утрешниот меч со Данска се надева дека ќе ги има на располагање Никола Митревски и Жарко Пешевски кои не играа против Данска.
„Можеме многу да научиме од натпреварот со Данска, игравме со најдобрите на светот, добро е нашите момци да осетат како казнуваат грешки. Не ги потрошивме сите сили, задоволен сум од тој аспект, им дадов шанса на сите. Пешевски и Митревски имаа ситни повреди и не сакавме да ги загубиме, многу поважни ќе ни бидат за Португалија и Романија ако успееме да ги опоравиме. Искусни се, се надевам дека ќе ги имаме на наредните два меча“, рече селекторот.
Португалија даде 40 голови и победи против Романија со шест голови разлика.
„Португалците се бореа за медал на претходното СП, сега велат дека доаѓаат по европска титула, најмалку по медал, тоа покажува со каков менталитет пристапуваат. Ќе имаме за нијанса можеби послаб противник од Данска, но екстра квалитетен“, додава Лазаров.

