Лазаров: Посакуваме победа против Бриксен и во реваншот

Македонскиот претставник Алкалоид во сабота (18 часот) на домашен терен, во салата „Автокоманда“ ќе го пречека Бриксен во осминафиналниот реванш-натпревар од ЕХФ Европскиот куп.


Четвртфиналето е веќе на прагот, со оглед на тоа дека на гости Алкалоид славеше со 32-44.

„Неочекувано извојувавме висока победа над еден ривал од Италија, земја во која ракометот на репрезентативно и на клупско ниво е во подем. Се одлепивме во последните неколку минути и стигнавме до убедлива победа. Момците одиграа одлично и сега сакам и очекувам да победиме и во реваншот. Добро сме подготвени, ривалот е квалитетен, но ние сме подобри и тоа треба да го потврдиме на теренот“, изјави тренерот Кирил Лазаров.

Мартин Велковски исто така очекува нов триумф со поддршка од фановите.

„Ривалот е добар, игра ракомет во висок ритам, но ние сме поквалитетни. Очекувам да имаме поддршка и од нашите навивачи и на крајот да се радуваме на нова победа“, истакна Мартин Велковски.

- Оглас -

Најнови вести