Екипата на Алкалоид со четири гола предност ќе го реваншот од финалниот двобој против грчки АЕК во Европскиот куп. Иако во Скопје веќе мириса на европски трофеј, сепак, тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, е претпазлив и вели дека уште ништо не е готово.
„Одигравме тежок меч против екипа со голема традиција и искуство. Ништо не е готово, иако изгледа дека четири гола се солидна позитива. Знаеме дека АЕК е добар тим, добро играа се до овој меч, но и ние имаме свои адути. Го респектираме овој тим, со искусни играчи, но ги изненадивме, имаме предност од четири гола. Тоа е голема разлика. Ние мора да бидеме внимателни и претапазливи. Не е решен овој двомеч. Се надевам дека во реваншот ќе бидеме поуспешни, иако знаеме дека нема да биде воопшто лесно.“ – рече Кирил Лазаров после мечот во Атина.