1.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Лазаров: Сакаме да се пласираме во втората фаза

Селекторот Кирил Лазаров во пресрет на првиот дуел од ЕП 2026 во Хернинг игра со моќната Данска. Данците ќе имаат поддршка од трибините, тие се тим кој е актуелен светски и олимписки првак.

„На првиот меч играме против најдобриот тим на светот во последните десет години, тоа е Данска. Возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, ќе ни биде многу тешко, но немаме што да загубиме на овој меч и ќе се обидеме да уживаме.

Разговарав со моите млади играчи на кои ова им е ново искуство, ќе играат против земја во која се сака ракометот и кој им е можеби број 1. Во другите земји фудбалот е најпознат спорт, и тука во Данска фудбалот е популарен, но ракометот е на прво место.

Најважно е што смената на генерации ја правиме постепено, чекор по чекор, тоа е тежок процес и посилни селекции имаат проблем со смена на генерации. Ние сме мала земја, мора да бидеме трпеливи. Во претходните две години покажавме дека можеме да одиграме по еден добар меч, а за да имаме континуитет, во иднина треба да одиграме добро не само еден меч на Светско или на Европско првенство, потребно е секој втор ден да играте добро.

Искрено, секој има амбиции и сака да победува натпревари. Имаме многу тешка група, играме против Данска во Хернинг, исто така против Португалија, која на последното СП беше во полуфинале, ги победија Египет, Шпанија и Иран. И Романија е добар тим со голема традиција, во последно време се подобруваат. Сакаме да одиме во втората фаза, но секој сака“, рече селекторот Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести