Лазаров: Словенија е фаворит, но ние сме Македонија, желба ни е пласман во втор круг

На прес-конференцијата одржана во Дебрецин, каде македонската ракометна репрезентација утре треба да игра со Словенија на стартот на Европското првенство, селекторот Кирил Лазаров изјави дека иако противникот е фаворит, нашиот тим нема да излезе на терен со бело знаме.

Лазаров жали што го нема комплетниот состав на располагање.

„Бевме спремни на такво сценарио, втора година живееме во такви услови и ментално се спремив како да реагираме ако имаме позитивни играчи на Ковид-19. Не ни е сеедно, но мора да се адаптираме, немаме друг избор. Некои селекции имаат поголеми проблеми од над, некои помали, не треба да губиме време и енергија на тоа. Тоа што го имаме, го имаме, и вака сме добро подготвени“ – изјави Лазаров.

Од македонскиот табор се задоволни од сместувањето, и немаа проблеми како селекциите во Сегедин каде во хотелот има и други лица.

„Ние имаме мир, сами сме во хотелот, нема други лица кои шетаат низ хотел како во Сегедин. Добивме поединечни соби за подобро да се изолираме. Нема што да се пожалиме добри услови имаме, сместувањето е добро“ – рече Лазаров.

За дуелот со Словенија, ќе ги нема четворицата заразени со коронавирус, а ќе фалат и Никола Марковски и Дејан Манасков кои беа важни алки кај Лазаров.

„Пласман во втор круг би бил голем успех. Тоа е наша желба, но треба да бидеме и реални, групата е силна. Главна цел е да изградиме генерација која во наредната деценија ќе биде присутна на сите големи натпреварувања. Словенците играат во врвни клубови, изградени играчи се, фаворити се, но ние сме Македонија, нема да одиме со бело знаме“ – заклучи селекторот.

- Оглас -

Најнови вести