Нант со 34:28 го доби дербито од третото коло во француското првенство против Монпелје. Мечот се одигра во одлична атмосфера во „Х Арената“, која беше исполнета до последно место и имаше речиси 6.000 гледачи кои беа „играч повеќе“ за домаќините.
Нант одигра фуриозно прво полувреме, кое го доби со 20:11 и во продолжение со рутинска игра не дозволи изненадување. Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, уште еднаш покажа дека и на 41 година е во топ-форма. Лазаров даде три гола за Нант, во чии редови најпрецизни беа Монар и Ривера со по пет гола.