Лазаров: Среќен сум и горд

Кирил Лазаров го покажа победничкиот менталитет и ви дебито како селектор. Играчот кој повеќе од 20 години блеска на ракометниот терен, вечерва прв пат беше во улога и на селектор и на играч и тоа се покажа како добитна комбинација.

Македонија за прв пат во историјата ја победи Данска, која во Скопје допатува како актуелен светски првак.

„Благодарност до моите соиграчи, до моите играчи. Го испочитуваа сето тоа што се договоривме. Благодарност и до мојот стручен тим , кој многу ми помогна во подготовките за овој меч. Пред мечот чувствував позитивна енергија и воопшто не без загрижен за тоа што ќе се случи против Данска. Најважно е дека го испочитувавме тоа што беше договорено. Среќен сум и горд. Сега треба да се одмориме и да почнеме со подготовки за дуелот во Данска. Благодарам и на македонската јавност која ми даде поддршка и која веруваше во мене и дека можеме да направиме нешто. Ова е само почеток и најважно е сега официјално да се пласираме на ЕП“, рече Лазаров по победата над Данска.

- Оглас -

Најнови вести