Лазаров: Верувам дека вака ја вративме вербата кај навивачите

Ракометната репрезентација на Македонија првпат победи на гостување во Рејкјавик против Исланд и ако в недела ги победиме „рибарите“ во Скопје, нашиот национален тим најверојатно како првопласиран во квалификациската група ќе се пласира на Европското првенство следната година.

„Многупати сме губеле тука, верувам дека ќе ја вратиме вербата кај фановите. Реков дека треба да веруваме, да размислуваме позитивно. Имаме квалитет, имаме иднина, Македонија е ракометна земја, заразена со ракомет. Многу сум задоволен што победивме, одигравме цврст меч, со глава, знаевме што правиме во нападот. Користевме работи кои ги трениравме со Раул Гонзалес, му честитам на новиот селектор Брестовац, кој не можеше премногу да смени за толку кратко време. Сега во Скопје ќе биде потешко, но зависи од нас. Ќе ни треба посветеност и концентрација. Сега, по победата на Турција над Грција, полесно се дише“, рече Кирил Лазаров.

 

- Оглас -

Најнови вести