Лазаров: Веруваме во убави работи, но остануваме цврсто на земја

Македонската ракометна репрезентација во овие моменти го има првиот собир за претстојното ЕП во Унгарија и Словачка.

По тој повод, селекторот Кире Лазаров ја даде првата изјава за медиумите.

„Најпозитивна работа е што оваа селекција од 2012 година има континуитет на големи натпреварувања.

Ние сме репрезентација со најголем број големи турнири и се надевам дека така ќе продолжиме.

Процесот на подмладување е почнат, полека, но сигурно една заминува и друга доаѓа, но секогашѓ се добредојдени искусни играчи и да направиме своевиден микс.

И самите знаете дека е потребно да имате поминати километри и треба да бидеме благодарни, особено за играч како Филип Миркуловски и треба да го почитуваме.

Веруваме во убави работи, но од друга страна, црврсто стоиме на земја, нè очекува тешка група, нè очекува Словенија и не треба да се трошат зборови.

Тука е и Данска, којашто има речиси сè освоено и ќе бидат екстра мотивирани откако ги победивме во Скопје. Црна Гора е селекција којашто е во нагорна линија и ракометарите играат со голема желба.

Ништо не може да не изненади и треба да работиме квалитетно. Првиот дел од подготовките ќе биде во Маврово, додека вториот во Скопје, каде што ќе имаме и четири контролни натпревари“, изјави селекторот.

Македонија првата средба на шампионатот ја игра на 13 јануари, каде што за опонент ќе ја има селекцијата на Словенија.

- Оглас -

Најнови вести