Македонија ја постигна својата цел и деветтипат ќе игра на Европско ракометно првенство. Задоволството од победите над Естонија и посебно над Литванија не го криеше ниту селекторот, Кирил Лазаров.
„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојдоа и навивачите по таа победа од 19 гола разлика за да не поддржи на овој важен натпревар. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа.“ – рече Лазаров после натпреварот.