Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по победата над Катар рече дека е задоволен од прикажаното иако се чувствува неискуството на овој млад македонски национален тим.
„Ние Македонците знаеме да се релаксираме по успех, ќе биде тешко играчите да ги задржиме во овој фокус. Задоволен сум од прикажаното досега, можеме да жалиме за некои работи, но тоа е данокот на неискуството и денес 3-4 пати не го прекршивме мечот, тоа е неискуството на помлада репрезентација како нашата. Благодарност до играчите, јавноста медиумите и навивачите. Сега да се одмориме, нема да тренираме утре, има исцрпување, ќе се одмораме, па против една од двете најсилни селекции на светот да го дадеме нашето најдобро“, рече Лазаров.