Лазаров: Заслуживме победа, но можеби не со 5 гола разлика

Тренерот на ракометниот клуб Алкалоид, Кирил Лазаров, беше задоволен од победата на неговиот тим од 42-37 против Рунар Сандефјорд во првото полуфинале во ЕХФ Европскиот куп.

„Гледавме снимки од нивните игри, Рунар игра добро цела сезона, ги почитуваме. Победивме со 5 гола разлика, но имаме реванш за седум дена. Сигурен сум дека тие тогаш ќе бидат подобри отколку денеска, дома ги победија Целје со 13 разлика, Олимпијакос со 10, ќе треба да се спремиме добро. Имавме ритам 60 минути, можевме да трчаме со нив. Заслуживме победа, но можеби не со пет гола разлика“, изјави Лазаров.

„Мислам дека малку нè потцени Рунар, веројатно мислеа дека не можеме да го следиме нивниот ритам. Успеавме со ротации, сите мои играчи одговорија на предизвикот. Ќе биде ѓаволски тешко во Норвешка, би било голем успех ако се пласираме во финалето“, додаде Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести