Лаже не сака да ја лаже Астон вила, веднаш побара да си го донесе и братот во Бирмингам

Бруно Лаже имаше напорна сезона во Бенфика, која е оценета како неуспешна, па доби и отказ, што сепак не му го намали рејтингот и сега е на прагот да биде менаџер на Астон вила.

Британските и португалските медиуми објавија дека тоа е веќе завршен чин и само се чека потпишување на договор, а интересно е што Лаже сака да си го донесе и помладиот брат со себе во Бирмингам.

Луис Насименто, кој му е брат на Бруно, му беше асистент и во Бенфика, па тандемот веројатно пак ќе биде заедно, овојпат со слатки искушенија во силната Премиер лига.

Астон вила се раздели со тренерот Дин Смит, а ќе има промена и на позицијата спортски директор бидејќи и Хесус Гарсија Питарк доби отказ по завршувањето на сезоната, во која клубот од Бирмингам едвај се спаси од испаѓање со реми во последното коло.

 

- Оглас -

Најнови вести