Откако се појави видео како луксузните автомобили на Кристијано Роналдо го напуштаат неговиот дом во Торино, така се засилија шпекулациите дека Португалецот е пред заминување од Јувентус.
Но, по сите изгледи тоа е лажна тревога. Роналдо си направил планови за одмор и целта му била да распореди неколку од своите превозни средства на повеќе дестинации кои планира да ги посети пред да им се врати на обврските во фудбалот. Тоа е нешто што Кристијано го прави пред секој одмор, а воедно автомобилите често се транспортирани во Германија за редовен сервис, па тоа е една од причините.
Иако Роналдо веројатно ја игра последната сезона во дресот на Бјанконерите, но транспортот на возниот парк дефинитивно не е знак дека Кристијано се сели од Торино, бидејќи 36-годишниот офанзивец уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.