„Лажњак“ на Барселона ги разочара децата и ги испразни џебовите на родителите за 350 илјади долари

Барселона ги разочара Австралијците откако затвори две фудбалски Академии во Австралија и оштети родители на деца кои уплатиле пари за најавените кампови за 350 илјади долари.

„Сè уште не ми се верува што направија. Барселона е гигант што остварува милиони долари профит, со големо реноме во светот на фудбалот. Бараме да ни ги вратат парите, а разочарувањето на нашите деца од ваквиот потег е ненадоместлива штета“, изјави Бејб Монаган, мајка на дете што требало да биде дел од таканаречениот камп на Барса, за што уплатила 28 илјади австралиски долари.

Има вкупно околу 70 случаи на родители кои со радост уплатиле пари за своите деца, но шпанскиот гигант се вади дека не можеле да продолжат со функционирањето на двете Академии поради корона-вирусот.

Од Барселона објавија дека нема да ги враќаат парите на оштетените родители, па сега Бризбејн Роар се обидува да најде чаре и им нуди на децата бесплатно да тренираат цела година во клубот.

- Оглас -

Најнови вести