Леао ги полуде гигантите, повеќе од извесно е дека ќе се пресели во Премиер лигата

Екипата на Милан по пауза од 16 години, повторно ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во четвртфиналето го елиминира Наполи, а еден од најзаслужните за тоа е Португалецот Рафаел Леао, кој е цел на гигантите.

Милан во првиот четвртфинален меч славеше со 1:0, а Бенасер го постигна голот по асистенцијата на Леао, додека во вчерашниот реванш, кој заврши 1:1, Португалецот повторно беше асистент, овој пат на Оливие Жиру.

Со одличните игри и податокот дека договорот му истекува идната година, а сè уште нема договор со Милан, Леао стана интересен за фудбалските гиганти. Тој бара годишната плата да му изнесува 7,5 милиони евра, додека Милан нуди 6 милиони годишно.

Англиските медиуми пишуваат дека застојот во преговорите планираат да го искористат два тима од Премиер лигата, Челзи и Манчестер сити.

Фаворит за потпис е Манчестер сити, чиј менаџер, Хосеп Гвардиола, го гледа Леао како идеален партнер на Ерлинг Халанд во нападот. За Гвардиола и Граѓаните нема да биде никаков проблем да издвојат 80-тина милиони евра како отштета, како и да му дадат поголема плата на Леао од таа што Португалецот ја бара од Милан.

- Оглас -

Најнови вести