Леао сакаше да направи ножички и доби црвен, па Жиру мораше да го вади Милан (Видео)

Милан речиси целото второ полувреме на гостувањето кај Сампдорија го играше со човек помалку, но сепак ги извлече трите бода од дуелот во Џенова, победувајќи со 2:1.

Во првото полувреме, погоди Жуниор Месијас и работите одеа по план за Росонерите, но после само две минути во вториот дел, Рафаел Леао се обиде атрактивно да ја шутне топката со ножички, но наместо, со копачката ја закачи главата на противнички играч, по што доби втор жолт картон и го остави Милан на цедило до крајот на овој меч, а ќе го пропушти и дербито со Наполи.

Но, и без Леао, Милан најде начин да даде гол и да победи. Стрелец беше ветеранот Оливие Жиру од пенал. Со оваа победа, Милан се изедначи со Наполи со по 14 бода од шест кола.

Ова е неславниот обид на Леао за атракција:

 

- Оглас -

Најнови вести