Екипата на Слога Виница сезонава е дел од Втора фудбалска лига на Македонија, но во стартните четири кола не може да се пофали со добри резултати. Слога освои само три бода (една победа и три порази), па е на 12-тото место на табелата од 16 екипи.
Како и голем дел од клубовите во Македонија, така и во Слога Виница секогаш е добродојдена помош од надворешни субјекти.
Денеска од Слога Виница на нивниот официјален фејсбук-профил се пофалија дека добиле донација и тоа од една леблебеџилница.
Леблебеџилница Слога Виница донираше еден комплет за тренинг на сениорската екипа, а од второлигашкиот тим побараа и останатите стопанственици да му помогнат на клубот.