Леброн броеше до нови рекордни 50 поени, Лејкерс со рутинирана победа (ФОТО)

Леброн џејмс со постигнати 50 поени беше најдобар поединец во победата на Лос Анџелес лејкерс над Вашингтон визардс од 122:109. За „кралот“ ова е втор пат во една недела да постигнува најмалку 50 поени а тоа го стори на 37-годишна возраст со што стана најтариот кошаркар со вакво достигнување.

Лука Дончиќ и Далас маверикс славеа на гостувањето кај Хјустон рокетс со 100:113. Словенечкиот кошаркар постигна 30 поени и беше најблескавиот на теренот во Хјустон.

Торонто, пак, оствари изненадувачка паобеда над Феникс санс и тоа на гостински терен од 112:117. Гери Трент со 40 поени од кај гостите беше најдобар поединец на теренот.

 

НБА

Орландо меџик – Минесота тимбервулфс 118:110

Атланта хокс – Лос Анџелес клиперс 112:106

Бостон селтикс – Детроит пистонс 114:103

Хјустон рокетс – Далас Маверикс 100:113

Мемфис гризлис – Њуорк никс 118:114

Мајами хит – Кливленд кавалирс 117:105

Њу Орленс пеликанс – Шарлот хорнетс 120:142

Сан Антонио Спарс – Јута џес 104:102

Феникс санс – Торонто репторс 112:117

Лос Анџелес лејкерс – Вашингтон визардс 122:109

- Оглас -

Најнови вести