Леброн Џејмс брутално го удри противникот, па се случи хаос (Видео)

Детроит пистонс на свој терен загуби од Лос Анџелес лејкерс со 115:121 во меч кој ќе се памти поради неспортскиот потег на Леброн Џејмс. Во третата четвртина по изведување на едно слободно фрлање, Џејмс со лакт го удри Ајзеа Стујард и буквално го раскрвари.

Крв почна да тече по целото лице на играчот на Деторит, а тогаш Стујард збесна. Сакаше да се тепа со Леброн, а на теренот се случи општ хаос. Малку фалеше да има масовна тепачка, но благодарене на луѓето од обезбедувањето, беше избегнат поголем инцидент.

Во моментот на инцидентот, Деторит водеше со 78:66, а судиите потоа го исклучија Леброн. Ова е само второ исклучување за Џејмс во 19-годишната НБА-кариера.

Домаќините во последната четвртина влегоа со 15 поени предност, но Лејкерс и без Кралот успеа да одигра одлично во последната четвртина и направи голем пресврт. Лејкерс ја доби последната четвртина со 37-17 и стигна до победа, вкупно деветта во 18-тиот меч.

Детроит остана само на четири триумфи од 16 меча. Ентони Дејвис со 30 поени и 10 скока, како и Расел Вестбрук со 26 поени беа најзаслужни за победата на гостите. Кај Детроит одличен беше првиот пик на драфтот за оваа сезона, 20-годишниот Кејд  Кунингам го оствари првиот трипл-дабл со 13 поени, 12 скока и 10 асистенции и со тоа стана најмладиот играч во историјата на Пистонс со ваков учинок.

Резултати на останатите мечеви одиграни ноќеска во НБА: ЛА клиперс – Далас 97:91, Чикаго булс – Њујорк 109:103, Феникс – Денвер 126:97, Голден стејт – Торонто 119:104.

 

- Оглас -

Најнови вести