Леброн Џејмс денеска полни 36 години, и уште не го дава тронот во НБА
Роденденот може да го прослави со еден неверојатен подвиг на гостувањето во Сан Антонио.

Леброн Џејмс, мегаѕвездата на ЛА лејкерс, денеска го прославува својот 36-ти роденден, неговиот тим гостува во Сан Антонио, а иако веќе е ветеран кој би требало да е при крајот на кариерата, има 18 сезони зад себе, Џејмс и понатаму е еден од најдобрите кошаркари на светот и вистински Крал кога станува збор за настапи во плејофот.
Леброн има четири титули во НБА, и тоа со три различни екипи, четирипати беше МВП на финалето, тој е 16-кратен олстар и поради константноста, за многумина е најдобар кошаркар во историјата.
Вечерва против Сан Антонио, Џејмс има шанса по илјадити пат да даде двоцифрен број поени на натпревар од регуларната сезона.